Реклама

Пет пожари го кренаа Кавадаречко на нозе – огнот под контрола, се очекува целосно гаснење

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Сушата ја тресе Европа: Се гасат нуклеарки, Македонија засега стабилна

Бензинот поевтинува за два денари, дизелот поскапува за денар- и понатаму најниски цени во регионот

Разговори зад затворени врати ДА: Но не смеат да се преминат црвените линии, како што тоа го направија СДСМ и ДУИ, кои прегазија сѐ

Охрид за време на илинденскиот викенд како да се прелеа од туристи

Суша, пожари, војна: И покрај кризата, во Македонија се очекува поевтинување на горивата

Европа гори и пресушува, Македонија ставена во обрач: Унгарија и Србија можат да останат без струја

Македонија

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ ќе се одржи во Пустец на 20 август, покровител премиерот Мицкоски

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ ќе се одржи на 20 август, на плоштадот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ ќе се одржи на 20 август, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, седиштето на истоимената Општина.  
  
Покровител на овој значаен настан е премиерот Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.  
 
-Македонскиот фолклорен фестивал „ПРЕСПА“ повторно ги обединува Македонците преку песната, орото и вековната традиција. Македонската песна ќе одекне, ќе се вие македонско оро а нашата традиција ќе нè обедини како едно. 
 
Додаваат дека почетокот е во 18 часот а фестивалот се одржува под мотото „Македонија обединува“ и  порачуваат дека  „фолклорот ги чува корените, традицијата ја гради иднината“. 
 
-Ќе настапат фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Република Македонија или Вардарска Македонија, Егејска и Пиринска Македонија и Мала Преспа. Добредојдени се сите, за заедно да ја исполниме Мала Преспа со македонска песна, оро, знамиња и гордост. Да покажеме дека македонскиот дух живее, а нашата традиција продолжува да ги обединува генерациите, порачуваат организаторите.

 
Оваа значајна културна манифестација требаше да се одржи на 29 јули во село Туминец, кај манастирот, но поради оправдани причини беше одложена. 
 
-Одлуката беше донесена по темелна анализа на состојбите на терен и во интерес на безбедноста, масовноста и достоинственото одржување на самата манифестација. Одложувањето на оваа манифестација беше поради  инфраструктурни причини и безбедност во сообраќајот. Патната делница од село Туминец до манастирот „Света Марена“, во должина од речиси 4 километри, во моментот не ги исполнува потребните услови за безбеден и непречен пристап на поголеми возила (автобуси и комбиња), кои треба да ги превезуваат фолклорните ансамбли и посетителите. Иако беше планирано патот да биде тампониран и подготвен, поради кратките рокови и технички причини со изведувачот, градежните активности не успеаја да завршат навреме, изјавија по одложувањето организаторите. 
 
Исто така, според нив, одлучиле да ја почитуваат и желбата на годинашните кумови за зачувување на изворната традиција. 
 
Според организаторите со цел фестивалот да го добие сјајот што го заслужува, на лесно достапна локација и со врвни услови за сите гости и учесници на одборот, се договориле да се одржи во Пустец.