Реклама

Пет пожари го кренаа Кавадаречко на нозе – огнот под контрола, се очекува целосно гаснење

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Сушата ја тресе Европа: Се гасат нуклеарки, Македонија засега стабилна

Бензинот поевтинува за два денари, дизелот поскапува за денар- и понатаму најниски цени во регионот

Разговори зад затворени врати ДА: Но не смеат да се преминат црвените линии, како што тоа го направија СДСМ и ДУИ, кои прегазија сѐ

Охрид за време на илинденскиот викенд како да се прелеа од туристи

Суша, пожари, војна: И покрај кризата, во Македонија се очекува поевтинување на горивата

Европа гори и пресушува, Македонија ставена во обрач: Унгарија и Србија можат да останат без струја

Прилози

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Двајца Албанци од Македонија непожелни во Албанија- прогласени се за персона нон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца Албанци од Македонија непожелни во Албанија- прогласени се за персона нон грата поради сомнежи дека работат за терористички организации. На црната листа, со забрана за 10 години влез во државата, завршија Бекир Халими и Ваљон Бела.Првиот поранешен член на ОНА и вахабистички теолог, а во 2008-ма бил и осомничен за поврзаност со Ал Каеда. Во 2016-та пак беше исклучен од Исламската верска заедница на Македонија, поради судири со раководството.

Вториот пак, за кој е издадена и наредба за депортација, е поранешен економски директор на Клиниката за гинекологија, претходно бил шеф на кабинетот на министерот за здравство, а во 2018-та беше ранет во пукотница во скопски Чаир. Тој својот активизам го започнува во невладината Ралитети, па во 2010-та станал лидер на партијата Албански сојуз, која подоцна се спои со ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше негов заменик. Потоа преминува во ДУИ, па се вработува во Општина Чаир, каде во јуни 2016-та во канцеларијата на градоначалникот Изет Меџити остави куршум завиткан во салфетка.Беља реагираше на одлуката, па на социјалните мрежи напиша дека, ова било масло на, како што напиша, Еди Рамовиќ и неговиот, сијамски близнак Александар Вучиќ.

-Ниту една административна одлука не може да ги прогласи историјата, жртвата и придонесот на еден Албанец за персона нон грата. Ако еден ветеран од три албански национални конфликти е прогласен за непожелен во албанската држава, прашањето не е само кој е означен како *non grata*, туку каква порака се испраќа до нашата национална меморија… И, во совршена синхронизација, Рама и Вучиќ ме ставија на списокот на персона нон грата. Тоа говори многу!, напиша Бела.

Реклама

За двајцата, албанската гранична рампа, се спушти по информациите кои ги добиле Антитерористчката служба на Албанија дека дејствуват против суверенитетот на државата, националната безбедност. Постојат и сомнежи дека се членови на терористички организации, кои поддржуваат и спроведуваат анархистички акции против албанската држава. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, е испратена на спроведување до Државната полиција и структурите на Граничната управа.Претходно за персона нон грата во Албанија, со забрана за влез од 15 години заврши и косовската државна Икбале Худути, која е во блиски врски со иранскиот режим.

Матеја Петровски