Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

ВРЕДИ: Албанците не им должат власт на вечните фотелјаши за тие да го уриваат Охридскиот договор

Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) не ја брани албанската кауза, туку ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) не ја брани албанската кауза, туку ја држи во заложништво. Логиката им е проста. Или тие ќе седат во фотелјите или ќе закочат сè. Ако се на власт, се им е тамам. Ако не се, одеднаш ништо не чини. Е па, тој филм веќе не поминува. Ама да расчистиме една работа. Албанците не им должат вечна власт на фотелјашите од Мала Речица. Не им должат ни министри, ни директори, ни тендери. А најмалку им дале право, само затоа што останале без фотелји, да го блокираат Законот за правична застапеност и да го уриваат Охридскиот рамковен договор, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Цели 25 години ги имаа и ножот и погачата, ама не најдоа време ова право да го заштитат со закон. Поважни им беа тендерите, личното богатење и матните дилови.

Сега, кога некој друг ја завршува работата, од очај се фаќаат за сламка и се закануваат дека ќе го закочат целото Собрание.

Реклама

ДУИ не може да им прости на Албанците што ја пратија во опозиција, па сега им се одмаздува со блокирање на Законот за правична застапеност.

Албанците не се ничиј партиски плен, а нивните права не се жетони за политичко поткусурување. Охридскиот рамковен договор не е тапија ниту на Али Ахмети, ниту на неговите вечни фотелјаши. Тој им припаѓа на граѓаните и никој нема право да го држи во заложништво поради пуста желба за власт.