Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Михајловски: Битола со „БитФест“ живее во духот на културата и туристичката промоција

Битола живее во духот на културата и туристичката промоција на градот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битола живее во духот на културата и туристичката промоција на градот со полни сместувачки капацитети, со над 20.000 посетители на концертот на Здравко Чолиќ и над 9.000 посетители на фестивалските настани на „БитФест“, информираа од Културно информативен центар (КИЦ) Битола, установа чиј основач е Општина Битола.

Според директорот на КИЦ Битола Димитар Михајловски, по празничните денови, Битола продолжува да живее со богатата програма на Битолското културно лето „БитФест, кое до крајот на јули реализираше 46 настани со повеќе од 9.000 посетители, а културните настани во Битола, продолжуваат како туристичка атракција и во следните денови.

-Годинашното издание на фестивалот за првпат е во целосна организација на КИЦ Битола, чиј основач е Општина Битола, а програмската концепција на културното лето целосно кореспондира со визуелниот идентитет на фестивалот – фреската на македонскиот академски сликар Борко Лазески, насловен според песната „Битола, бабам Битола“. Од денешен агол слободно можеме да кажеме дека програмата што ја утврдивме соодветствува на визуелниот идентитет на „БитФест“, а тоа е фреската „Битола, бабам Битола“. На ова ремек-дело, изработено во 1991 година, сместено во големата сала на битолската пошта, може да се прочитаат стиховите „Битола, бабам Битола. Таму се живот живее, таму се јаде и пие, таму се игра и пее“. Токму тоа денес се случува во нашиот град. Да потсетам, Борко Лазески верувал дека уметноста треба да биде достапна за секој човек, поставена на места каде што луѓето живеат, се движат и секојдневно комуницираат. Триесет и пет години подоцна, слободно можеме да кажеме дека и ова лето и на овој „БитФест“, исто како и на фреската, има многу луѓе, многу живот и многу уметност. Делата на уметниците се достапни за секого, на сите локации што ги избравме за нашата културна понуда, нагласи Михајловски. 

Реклама

Фреската на Лазески, која годинава е официјален визуелен идентитет на фестивалот со согласност од семејството на авторот, претставува вистинска хроника на битолскиот живот. На неа се испреплетуваат сцени од Илинденскиот период, конзулска Битола, боемскиот живот, ликовната и музичката уметност, богатите библиотеки, пајтоните и браќата Манаки со нивната легендарна „Камера 300“. Таа истовремено потсетува на историското наследство и на космополитскиот дух по кој Битола е препознатлива.

-Токму во хармонијата меѓу урбаното и традиционалното, меѓу европскиот дух и народното наследство, се наоѓа уникатноста на Битола. Како што на фреската женската убавина, музиката, книгата, театарот и историјата создаваат една жива и динамична целина, така и годинашниот „БитФест“ ги спојува различните уметнички изрази и генерации во заедничка прослава на културата. Денешната фестивалска атмосфера, исполнетите сцени, плоштади и културни простори се вистински одраз на визијата на Лазески – Битола како град во кој се живее, се создава, се игра и се пее, град во кој традицијата и современоста се надополнуваат и заедно го градат неговиот препознатлив идентитет. Битолското културно лето продолжува и во наредниот период со бројни содржини за сите генерации, потврдувајќи ја пораката што Борко Лазески ја оставил на своето ремек-дело: дека уметноста им припаѓа на граѓаните и дека градот живее најсилно тогаш кога се игра, се пее, се создава и се споделува културата, посочи Михајловски.

На Битолско културно лето, следуваат повеќе настани, меѓу кои на 6 ти август, во Офицерскиот дом, концерт ќе одржи Трио „Интерарт“, а на Хераклеа гостува ансамблот „10 те бузуки на Домна“ од Грција.