Реклама

Ахмети повторно се „разбуди“ со веќе видено сценарио: Разгорување национализам и блокирање на државата

Голем пожар се приближува до градот Мегара во близина на Атина, засега има пет загинати

Не се заборавени традициите и историските вредности: Државнички илинденски пораки на Мицкоски и Сиљановска Давкова

Продолжен викенд, годишни одмори, жештина- Скопје за Илинден изгледаше како град на духови

Во Македонија засега е стабилно: Дневно има по 20-тина пожари, но сите се под контрола поради итните интервенции

Гостивар и понатаму без вода за пиење: Не се постигнуваат три последователни исправни лабораториски анализи

Мицкоски со порака до политичките ривали: Никогаш нема да се откажам од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење- наш дом и наша иднина

Силјановска Давкова: Никој не ни ја подарил слободата, затоа никој нема право да ни ја ревидира историјата

Николоски од Крушево: Историската борба за државност денес ја продолжуваме со развој и инвестиции

Секоја генерација има свој Илинден: Нашата има обврска да ја зачува душата, да се избори за човековиот дух

ЦУК: Заклучно со 13 часот на територијата на државата се регистрирани 13 пожари

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Македонија

Муцунски: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици да бидеме во ситуацијава во која се наоѓаме сега

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат, потврдувајќи дека се водат разговори „под радарот“, но не откривајќи повеќе детали.

-Разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура и затоа јас и ги, ние често зборуваме за тоа дека има разговори. Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата Влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. Така што работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега, вели Муцунски.

Вели дека несомнено е потребен политички консензус по ова прашање, критикувајќи ја опозицијата за, како што вели, грешките во минатото и немањето капацитет да ги согледаат последиците од одлуките во 2021 и 2022 година.

Реклама

-Пред скоро точно пет години, на 29 јули 2021 ние во Собранието постигнавме политички консензус со резолуција поврзана со држaвните позиции поврзани со националниот интерес. Тука мислевме на идентитетски, историски и други прашања. Речиси со консензус ја изгласавме таа резолуција, но тогашната влада на ДУИ и на СДСМ во рок од неколку месеци потоа го погази тој консензус. Инаку, ако ме прашувате дали ни е потребен консензус, без никаква дилема. Но, тука прво опозицијата мора да почне да живее во рамките на реалноста, а реалноста е дека нејзината попусливост и немањето капацитет далекусежно да се гледаат последиците од тоа што се случуваше во 2021 и 2022 година не доведе до оваа позиција до којашто сме сега. Имаат легитимно право, па јас би рекол скоро за се да дадат и критика и став. Тоа е и функцијата на опозиција во една парламентарна демократија, нели, да дава критика, да дава инпут, вели Муцунски.

Но, во делот на надворешната политика, додава Муцунски, сметам дека е областа каде што треба да се извинат на граѓаните за сите грешки кои што ги правеа во тој седумгодишен период од владеење и да дадат безрезервна поддршка на Владата за да може да ги поврати позициите на државата и да може да работи за создавање систем каде што конечно ќе имаме предвидливост по европскиот пат. 

Тој во однос на критиките на опозицијата дека се назадува на европскиот пат, вели дека тоа прашање има два дела. Едниот, вели тој, е дека државата напредува во делот на реформите, а вториот дел е дека предизвикот со Бугарија, којшто е вештачки предизвикан, останува.

-Дали државата назадува по европскиот пат? Легитимно е прашањето да го поделите на два дела. Прво е делот на тоа што правиме од стратешка природа во делот на внатрешните реформи. И евроамбасадорот кажа. Но ете, да не го парафразирам, најдобро е тие да ви дадат инпут, јас ќе ви кажам, ќе се види и последниот извештај што доаѓа на Европската комисија дека државата напредува во делот на реформите. ЕУ нагласува дека како држава ја пофалува нашата стратешка определба – ние сме земја со целосно усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика, земја која што прва во регионот потпиша партнерство за одбрана и безбедност со ЕУ и земја која што знае каде ја води својата надворешна политика. Но, точно е, ни останува предизвикот со Бугарија. Вештачки создаден предизвик, меѓу другото, создаден заради тоа што две политички партии, да се одржат на власт, попуштија сè што се бараше од нив и тоа работиме да го решиме. Во меѓувреме, дури и да се реши ова прашање, ќе бидеме најдобриот возножен кандидат и сме на вистинскиот пат во таа смисла, додава Муцунски во интервјуто за МИА.

Целото интервју заедно со видео-материјалот ќе биде објавено денеска.