Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Делегација на МАЕИ се поклони пред споменикот на борците во Туминец, чиј ктитор е премиерот Мицкоски

По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, положи свежо цвеќе на споменикот на борците во селото Туминец, Општина Пустец.

Споменикот е подигнат во чест на илинденците, како и на борците од Туминец кои се приклучија на македонските партизански одреди и учествуваа во борбата за ослободување на Македонија од фашизмот и нацизмот за време на Втората светска војна.

Со овој чин, делегацијата на МАЕИ им оддаде почит на сите кои ги положија своите животи за слободата, националното достоинство и идеалите на македонскиот народ, истакнувајќи дека Илинден останува вечен симбол на борбата за слобода, правда и национална самобитност.

Реклама

Од МАЕИ порачаа дека негувањето на историското паметење и почитта кон жртвата на претходните генерации претставуваат обврска кон иднината, особено за Македонците во Албанија, кои и денес продолжуваат да го чуваат својот национален идентитет, јазик, култура и традиција. 

Споменикот, посветен на македонските херои од овој крај, на 10 мај го откри премиерот Христијан Мицкоски, чиј ктитор е тој.  Пред големиот број нашинци од сите делови на Мала Преспа и пошироко, на свеченоста по повод откривањето, истакна дека на Македонија денес повеќе од сè и е потребно обединување околу националните интереси и иднината на нашите деца. 

-Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија, рече тогаш премиерот, порачувајќи дека Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво. 

Од манифестацијата одржана под мотото „Чест за хероите, завет за иднината“, Македонците изкажаа благодарност до премиерот Мицкоски убедени, како што порачаа, дека не се сами.