Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВРЕДИ: Илинден е потсетник на стремежите за слобода, еднаквост и правда, вредности врз кои се темели нашата Република

По повод 2 Август, Денот на Републиката, на сите граѓани на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 2 Август, Денот на Републиката, на сите граѓани на Македонија им го честитаме празникот. Овој ден нè потсетува на историските стремежи за слобода, еднаквост и правда, вредности врз кои се темели нашата Република и кои го определуваат нејзиниот мултиетнички карактер, се наведува во честитката од ВРЕДИ.

Овој празник е и можност да се осврнеме на патот што заеднички го изминавме како држава и општество, како и да ги зајакнеме меѓусебното разбирање, соработката и посветеноста на општото добро, без оглед на етничките, верските или политичките разлики.

Одговорност на сите нас е да ги чуваме и унапредуваме овие вредности, градејќи модерна, праведна и рамноправна држава во која секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и рамноправен. Само така можеме со сигурни чекори да ја водиме земјата кон европското семејство.

Реклама