Реклама

ЦУК: Заклучно со 13 часот на територијата на државата се регистрирани 13 пожари

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Македонија

Илјадници посетители го прославија Илинден во Дојран, со почит кон Св. Илија и традицијата

Илјадници посетители денеска го чествуваа големиот македонски национален празник 2 Август –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илјадници посетители денеска го чествуваа големиот македонски национален празник 2 Август – Илинден во Дојран, истовремено оддавајќи почит на заштитникот на градот, светиот пророк Илија. Градот пречека туристи од повеќе места од земјава, а дојранчани за кои празникот има посебно значење си посакаа меѓу себе желби за благосостојба, напредок на местото каде живеат и мир во семејствата и меѓу најблиските.

Чествувувањето на празникот започна со света божествена литургија во  храмот посветен на Св. Илија во Стар Дојран, каде во текот на целиот ден доаѓаа верниците да се поклонат и помолат на нивниот заштитник. На крајот од свечената литургија парохискиот свештеник им порача на верниците секогаш да му се молат на пророкот Илија за нивниот град Дојран да биде уште поубаво место. 

На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, кој истакна дека за него празникот има посебно значење, бидејќи го смета светителот за свој личен заштитник.

Реклама

 – Нека празничниот дух ни биде поттик за поголема меѓусебна почит, солидарност и заедничка работа за доброто на нашиот Дојран и на нашата татковина. Да ги чуваме традицијата, духовното наследство и историските вредности, пренесувајќи ги на идните генерации со гордост и одговорност, им порача на граѓаните градоначалникот Тентов во своето обраќање.

Почит кон светителот како голем пророк кој ги слуша молбите на верниците, но и празнување на борбата на македонскиот народ за ослободување од вековно ропство, вака граѓаните го доживуваат и паметат овој голем празник, за кој велат дека не залудно нашите предци го земале за ден – почеток на некогашното славно Илинденско востание.

– Си ги почитувам сите православни празници и сум среќна. Овој посебно значење има бидејќи црквата ни е посветена на Св. Илија, која од времето била рушена, палена, но еве се издигна и повторно е најголем украс за градот и жителите. За Илинден како еден од најголемите празници на Македонците, си одиме во Крушево кога можеме, си го празнуваме, историјата си ја пренесуваме на младите поколенија – ни рече посетителка од Прилеп.

За постарите дојранчани овој ден е најсвечен ден во нивниот град, кој го паметат уште од мали. 

– Овој празник многу ни значи за се во животот. Среќни сме кога ќе дојде овој ден, бидејќи е најубав ден за Дојран. Најсвечен ден кога се собира најмногу народ. Порано нашите предци доаѓале од Нов во Стар Дојран по вода, со кораби доаѓале токму на овој ден, пеејќи и свирејќи во чамците. Потоа цел ден празнувале. Од година во година се повеќе луѓе го посетуваат овој наш храм, се враќа народот во црквата – вели повозрасна дојранчанка.

Од зголемената посетеност во текот на продолжениот празничен викенд задоволни се и угостителите и сопствениците на сместувачки капацитети, кои информираат дека интересот за престој во Дојран е голем.