Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Кочани им оддаде почит на илинденците и асномците со порака за чување на државниот завет

Со положување цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со положување цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата, во Кочани денеска беше одбележан големиот национален празник 2 Август – Илинден.

На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, членови на Советот на Општината, како и општински граѓански и партиски делегации.

Градоначалникот Грозданов посочи дека Илинден обединува две историски пресвртници – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, нагласувајќи дека тие претставуваат темели на македонската државност.

Реклама

-2 Август не е само обичен датум. Тој обединува два различни датума, една идеологија, многу генерации и една визија – татковината. Илинденците во 1903 година се охрабрија и го подигнаа својот глас, знаејќи дека се многу послаби од противникот, но оставајќи ги своите коски во темелите на нашата држава- истакна Грозданов.

Тој потсети дека на 2 Август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, државотворната идеја добила институционални темели, а со независноста во 1991 година Македонија станала суверена држава.

-Со осамостојувањето, еве денес, можеме гордо да кажеме дека живееме во слободна држава, го зборуваме мајчиниот јазик и ги градиме институциите самите ние. Слава на хероите. Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го продолжи македонскиот род. Благословени да се нашите наследници. Ние сме должни да го браниме заветот, а аманетот нека остане за идните генерации. За многу години, нека е вечен Илинден, да е вечна Македонија- порача градоначалникот на Кочани.

Честитка по повод големиот празник Илинден упати и пратеникот во Собранието, Миле Лефков.

– Со положување свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев овде во Паркот на Револуцијата оддаваме почит на сите што се бореле за независна Македонија и ги оставиле своите животи. Илинден не е само наша историја Илинден е и наш завет за иднината за да градиме просперитетна, демократска, развиена и горда Македонија. Нека ни е вечен Илинден, нека ни е вечна Македонија – рече Лефков.