Реклама

ЦУК: Заклучно со 13 часот на територијата на државата се регистрирани 13 пожари

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Македонија

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“

Со интонирање на државната химна и со читање на делови од Крушевскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со интонирање на државната химна и со читање на делови од Крушевскиот Манифест и реферат за двата Илиндена, во Тетово денеска беше одбележана 123 годишнината од Илинденското востание и 82 годишнината од првото заседание на АСНОМ. Прославата, организирана од Сојузот на борците од Тетово, се одржа пред споменикот на Револуцијата во центарот на градот.

-2 Август не е само датум, тој е завет. Од Херонеја каде што мекедонската храброст испиша историја, преку Илинден каде што слободата беше посакана повеќе од животот, до АСНОМ каде што државата доби свој темел – се протега една иста нишка: непокорниот дух на Македонија. Нашата сила никогаш не била само во мечот, ниту само во пушката, туку во народот што знаел да стане кога било најтешко. Нека овој 2 Август нè потсети дека татковината не се наследува, таа се чува, се гради и се остава посилна на идните поколенија- беше кажано на годинашново одбележување на двата Илиндена во Тетово.

Пред Споменикот на револуцијата цвеќе положија претставници АРМ, МВР, Сојузот на борците, локалната самоуправа, политички партии и здруженија.