Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки

Илинден не е само спомен. Тој е меѓник според кој се мери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден не е само спомен. Тој е меѓник според кој се мери како се однесуваме кога времињата стануваат тешки. И токму затоа денес сме овде. Со почит да се потсетиме на 1903 година и, уште поважно, длабоко да им се поклониме на луѓето што покажаа што значи непокор. Илинденците не ни оставија слободна држава, но ни оставија насока до неа. Не ни оставија готова иднина. Ни оставија обврска да ја создадеме. Тоа е суштинската разлика. Историјата не е нешто што се наследува, туку нешто што секоја генерација повторно го заслужува.

Ова го порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на одбележувањето на 2 Август – Илинден во Смилево, Демир Хисар, каде што беше оддадена почит на илинденците и на сите генерации што се бореле за слободна и независна Македонија.

Во своето обраќање, Андоновски истакна дека Илинден не е само датум што му припаѓа на минатото, туку вредносен систем и трајна обврска за секоја македонска генерација.

Реклама

-Постојат датуми што ги паметиме и постојат датуми што нè обликуваат како народ. Илинден е токму таков ден. Не затоа што му припаѓа само на минатото, туку затоа што секоја генерација повторно го открива неговото значење. Илинден е вредносен систем: непокор, слобода и иднина-, порача Андоновски.

Тој нагласи дека не е случајно што токму во Смилево секоја година повторно се навраќаме на Илинден, бидејќи овде историјата не е запишана само во книгите, туку е вградена во местото, во луѓето и во споменот што се пренесува од поколение на поколение.

-Историјата не ја создаваат само победите. Ја создаваат и луѓето кои имале храброст да станат кога било најтешко. Илинденското востание не успеа да ја донесе слободата веднаш. Но успеа да направи нешто многу поголемо – да создаде народ кој никогаш повеќе немаше да се помири со неслободата- истакна министерот.

Осврнувајќи се на историскиот континуитет на македонската борба, Андоновски посочи дека по илинденците дошле нови генерации, потоа АСНОМ и независна Македонија, при што секоја од нив ги носела истата надеж и истиот пламен – Македонија да биде слободна, посилна и подостоинствена отколку што ја затекнала.

Според него, предизвиците на денешната генерација се поинакви. Тие не се водат по планините, туку во училниците, лабораториите, институциите и компаниите, како и во секој обид да се изгради држава во која младите ќе сакаат да останат, довербата ќе се заслужува, а трудот ќе вреди повеќе од привилегијата.

-Денес, овде во Смилево, не се поклонува само една генерација пред друга. Една генерација презема обврска пред следната, да ја зачува Македонија, да ја развива и да ја направи посилна отколку што ја наследила. Тоа е најголемата почит што можеме да им ја оддадеме на илинденците. Не само да ги паметиме, туку да бидеме достојни за нив- порача Андоновски.

На крајот од своето обраќање, министерот истакна дека мотото на годинешното чествување не претставува само порака за минатото, туку и обврска на сегашноста.

-Непокор – да не се откажуваме. Слобода – да ја чуваме. Иднина – да ја изградиме. Нека е вечен Илинден. Нека ни е вечен непокорот. Нека ни е вечна слободата. И нека ни биде достојна иднината што заедно ќе ја изградиме. Нека е вечна Македонија, истакна Андоновски.

Во состав на владината делегација беа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски. Делегацијата положи цвеќе пред спомен-обележјата во Смилево.