Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Традиционална Семакедонска средба во потпелистерското село Трново

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, во потпелистерското село Трново ќе ја одржат 55-та по ред, Семакедонска средба.

Според востановената традиција, на средбата ќе и претходи утринска богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ со која ќе богослужи г. Петар, митрополит преспанско-пелагониски а потоа во црковниот двор ќе се одржи свечено одбележување на македонскиот национален празник Илинден.

Според програмата, на свеченоста ќе се обратат градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски како покровител на манифестацијата, од страна на Матицата на иселениците од Македонија учесниците на средбата ќе ги поздрави  професор д-р Васил Тоциновски, прв и долгогодишен лектор на Лекторатот по Македонски јазик во Риека, како и други гости на организаторот.

Реклама

-Оваа традиционална манифестација ги обединува Македонците од татковината, иселеништвото и соседните земји, негувајќи ги македонската традиција, култура, духовност и национално единство, најави Александар Јаневски, претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, домаќин на традиционалната средба

Во културно уметничката програма ќе настапат членовите на КУД „Гоце Делчев“ и хорот „Сирма Војвода“ од Битола, и КУД „Новаци“ од Новаци.