Реклама

Силјановска Давкова: Никој не ни ја подарил слободата, затоа никој нема право да ни ја ревидира историјата

Николоски од Крушево: Историската борба за државност денес ја продолжуваме со развој и инвестиции

Секоја генерација има свој Илинден: Нашата има обврска да ја зачува душата, да се избори за човековиот дух

ЦУК: Заклучно со 13 часот на територијата на државата се регистрирани 13 пожари

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Македонија

Пророкот што треба да се врати пред крајот на светот – дали свети Илија бил вознесен или земен „како на небо“

Свети пророк Илија е еден од најпочитуваните старозаветни пророци и светители, почитуван…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свети пророк Илија е еден од најпочитуваните старозаветни пророци и светители, почитуван во христијанството, јудаизмот и исламот. Живеел во IX век пр. н.е. на просторот на денешен Израел и Палестина. Познат е како ревносен чувар на вистинската вера. Неговиот ден се празнува на 2 август и е еден од најголемите празници во македонскиот народ – Илинден. Се слави како духовен и национален симбол. За неговото величие говори и тоа што тој се појавил заедно со светиот пророк Мојсеј и застанал до Исус Христос при Неговото Преображение на Таворската Гора.

Според Светото писмо и преданието, пророкот Илија не умрел, туку бил „понесен/издигнат/земен/вознесен“ на небото во огнена кочија, што во православната традиција се смета за предобраз на Христовото vознесение. Пред Второто Христово доаѓање тој ќе се врати за да проповеда покајание.

Вознесен на nебесата или земен „како на небо“?

Реклама

Дали светиот пророк Илија бил вознесен на небесата или, пак, само бил земен „како на небо“? Ова прашање со векови е предмет на богословски толкувања, а според православното предание, одговорот има суштинско значење за разбирањето на единственото Христово вознесение.

Постои погрешно мислење, не само кај еретиците туку и кај христијаните, дека светиот пророк Илија или се упокоил како секој друг пророк или дека се вознел телесно на небесата. Оваа дилема произлегува од разните преводи и толкувања на библискиот текст.

Делумно проблемот е во преводот на делот од Светото писмо во кој е споменато „вознесението“ на пророкот Илија.

Во Стариот завет се опишува дека пророкот Илија бил подигнат во огнена кочија и огнени коњи. Во повеќето современи преводи се вели дека „се понесе во виорот кон небото“ (4. Цареви 2:11), што често се толкува како телесно вознесение на небесата.

„Како што одеа и си разговараа (Илија и Елисеј) по патот, наеднаш се појави огнена кочија и огнени коњи и ги раздвоија еден од друг и Илија се понесе во виорот кон небото“ (4. Цар 2:11). 

Сепак, православните богослови укажуваат дека во грчкиот текст, како и во црковнословенскиот превод, стои изразот „како на небото“ (ὡς εἰς τὸν οὐρανόν – ЯКО на небо), а не дека Илија се вознел на самите небеса. Токму оваа јазична нијанса, според светите отци, ја прави суштинската разлика.

Светите отци го толкуваат изразот ЯКО на небо (како на небото) како показател дека „Илија не влегол во небесната слава на начинот на кој подоцна ќе се вознесе Христос“.

Клучната разлика е:

Земен (земен од Бога) – Бог го зел пророкот Илија. Тој не се вознесол сам, туку бил пренесен со Божјата сила.
Вознесен во најстрога богословска смисла овој израз се употребува за Господ Исус Христос, кој по своето воскресение се вознесе на небесата со својата божествена сила (Дела 1:9). Затоа празникот се нарекува Вознесение Господово (Спасовден).

Во црковните текстови за пророкот Илија најчесто се користат изразите:
„земен на небото“,
„вознесен во огнена кочија“,
„се издигна во виор кон небото“,
„се понесе во виорот кон небото“.

Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собр

Христовото вознесение е единствено

Православната црква учи дека земањето на пророкот Илија не треба да се поистоветува со Христовото вознесение. Светите отци прават разлика меѓу чудесното земање на Илија и влегувањето на Христос во небесната слава. Прават разлика и меѓу небото како видливото небо или небесните височини и небесната слава и рајот, кои Христос ги отвори за луѓето со своите смрт, воскресение и вознесение.

Свети Атанасиј Велики нагласува дека не треба да се изедначуваат вознесението на Господ Исус Христос и на пророкот Илија. Според него, Илија бил земен „како на небо“, но не ги достигнал небесните обители бидејќи „никој не се искачил на небесата, освен Синот Човечки“, како што сведочи Христос во Евангелието според Јован (3:13).

Свети Атанасиј го гледа Илија како предобраз на Христовото вознесение. „Како што Илија е вознесен, така и Христос се вознесува, но Христос го прави тоа како победа над смртта за сите луѓе“. „Илија не вкусил смрт, туку телесно беше вознесен за да покаже дека телото не е туѓо на спасението“. За него, вознесението на Илија е сведоштво за надежта во воскресението и вечниот живот.

Истата мисла ја развиваат и други големи црковни учители, меѓу кои свети Епифаниј, свети Јован Златоуст, свети Кирил Ерусалимски, свети Фотиј, блажени Теофилакт Охридски, свети Григориј Палама и Теодорит Кирски. Сите тие прават јасна разлика меѓу вознесението на пророкот Илија и вознесението Христово.

Според нивното толкување, Христос се вознесува со својата божествена сила и влегува во небесната слава, а Илија е земен од Бога и пренесен на друго место, без да ја достигне небесната слава, што ќе биде отворена дури по Христовата победа над смртта.

Што велат Светото писмо и светите отци?

Светите отци укажуваат дека пророкот Илија не се вознел на небесата во истата смисла како Господ Исус Христос. Според нив, пророкот Илија бил чудесно земен од земјата со Божјата сила, но не како господар на небесата.

И два дела од Светото писмо се толкуваат како потврда дека св. Илија не бил вознесен на небесата. Самиот Христос вели: „Никој не се искачил на небото, освен Синот Човечки, кој слезе од небото и кој е на небото“. (Јован 3:13)

Овој стих, според светите отци, ја исклучува можноста кој било човек пред Христа да влегол во небесната слава.

Дополнително, во Втората книга Летописи (2. Лет 21:12) се споменува писмо што пророкот Илија му го испраќа на царот Јорам, а кое хронолошки е поврзано со периодот по неговото вознесение. Овој детал се наведува како уште еден показател дека Илија не заминал во небесната слава на начинот на кој подоцна ќе се вознесе Христос.

Според свети Атанасиј Велики, „Илија не беше вознесен на небесата, туку како на небо, бидејќи небесните обители се отворија само за Христос“.

Свети Јован Златоуст нагласува дека Илија се вознел „како на небото“, а Христос се вознел на самото небо како Господ.

Толкувајќи го Евангелието според Лука, блажениот Теофилакт Охридски вели: „Илија беше вознесен како на небо, а Спасителот се вознесе на небесата пред сите луѓе за да со својата света плот се јави пред лицето Божјо и да ја покаже како сопрестолна до Отецот“.

Свети Кирил Ерусалимски: Тој „како на небото“ (2 Цареви 2:11), но Исус „директно на небото“.

Свети Фотиј: И Илија, како слуга, беше вознесен во воздухот, не на небото, туку „како на небото“ (2 Цареви 2:11). Но Господ, како господар на сè, се вознесува вистински на небото со својата божествена сила. 

Свети Григориј Палама објаснува дека вознесението на Илија било само „промена на место“, а не преминување во небесната слава. Не треба да нѐ соблазнува тоа дека има разлика помеѓу вознесението Христово и на св. Илија, како што постои разлика помеѓу воскресението на Господа и другите воскресенија.

По зборовите на свети Григориј Палама: „Како што и пред  воскресението Господово мнозина биле воскреснати, така и пред Неговото вознесение имало многу вознесени. Духот го вознел пророкот Еремија, а ангел – Авакум. Пред сѐ, се пишува за огнената кочија со која бил вознесен Илија. Тој, меѓутоа, не ја преминал границата на создадениот свет и тоа било само некоја промена на место бидејќи со вознесението секој од нив бил земен од земјата, но не излегол надвор од границите на земјата. Исто така, и оние што биле воскреснати се враќале на земјата и умирале“. 

Потврда во богослужбените текстови

Разликата е нагласена и во православната химнографија. Во петтата песна од вториот канон на празникот Вознесение Господово се вели дека Илија со своето подигнување во огнената кола го „изобразил“, односно го претскажувал Христовото вознесение.

Тоа значи дека настанот со пророкот Илија се смета за праобраз, а не за истоветен со Христовото вознесение.

Петтата песна од вториот канон на вознесението Христово гласи:

„Странно Твое рождество, странно Твое воскресение, странно и страшно Твое Жизнодавче, еже от горы Божественное вознесение, еже изобразуя Илиа четвероконный восхождаше,  воспевая Тя Человеколюбче.“  или во превод: 
„Пречудно е Твоето рождество, пречудно Твоето воскресение, пречудно е и страшно Твоето, Животодавче, од гората Божествено вознесение, кое го изобрази Илија подигнат со четири коњи, воспевајќи те Човекољупче“.

Свети Јосиф Химнограф во оваа песна вели дека вознесението на св. Илија е само праобраз или сенка на Христовото вознесение.

Враќањето на Илија пред крајот на светот

Според православното предание, пророкот Илија не ја вкусил смртта, туку бил земен од Бога и сочуван до последните времиња кога заедно со праведниот Енох, ќе се јави повторно пред второто Христово доаѓање, како што се толкува врз основа на книгата „Откровение и евангелските сведоштва“.

Она што светата црква го вели е дека во последните времиња светиот пророк Илија заедно со Енох ќе дојде и ќе проповеда покајание, а потоа ќе биде убиен и воскреснат. (Mт 17:11, Oткp 11:3-12)

Црквата учи дека пророкот Илија ќе биде „Претеча на страшното второ Христово доаѓање“. Тој ќе ја објави вистината за Христос, ќе ги поттикне сите на покајание и ќе биде убиен од антихристот. Ова ќе биде знак за крајот на светот.