Секторот за односи со јавност на Општина Битола информира дека вечер на стадионот во Битола легендарниот Здравко Чолиќ ќе пее пред повеќе од 15.000 посетители.
Во Битола се очекува публика од цела Македонија и регионот за концерот на Чолиќ кој ќе почне во 21 часот, но од локалната самоуправа порачуваат заради големата посетеност, навремено доаѓање на стадиот под Тумбе кафе чии врати ќе бидат отворени во 19 часот.

На најдолгото битолско културно лето синоќа заврши интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, а празникот Илинден, Општина Битола ќе го одбележи со повеќе манифестации.
