Реклама

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

Македонија

Средба Сиљановска Давкова – Мацут: Посебен осврт на претстојниот Самит Брдо-Бриони што во ноември ќе се одржи во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут.

-Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог – наведува претседателката во објава на Фејсбук.

Сиљановска – Давкова посочува дека размениле мислења за актуелните регионални, европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот Самит на процесот Брдо-Бриони, којшто во ноември ќе се одржи во Охрид.

Реклама

Претседателката во објавата додава дека ја истакнале и важноста од негување на добрососедските односи и соработка.

Домаќин на посетата на српскиот премиер е претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Како што беше посочено, фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји.