Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Хоџа: Завршен проектот на Дижонска 15, МЖСПП продолжува со инвестиции во водоводната и канализациската инфраструктура во Чаир

Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари.

По повод завршувањето на проектот, теренски увид извршија министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет Муртези.

Проектот е дел од тековните активности за целосна реконструкција и унапредување на комуналната инфраструктура во населбата Дижонска, со кои се опфаќаат водоводната, канализациската и атмосферската мрежа.

Реклама

-Обезбедувањето модерна и сигурна комунална инфраструктура е една од клучните цели на Министерството. Овие проекти се основа за зелен пресврт, бидејќи со нив решаваме долгогодишни проблеми, создаваме подобри услови за живот и градиме системи што одговараат на потребите на граѓаните- истакна министерот Хоџа.

Министерството за животна средина и просторно планирање продолжува со поддршка на општините преку реализација на инфраструктурни проекти во областа на водоснабдувањето, отпадните и атмосферските води, со цел подобрување на животната средина и квалитетот на услугите за граѓаните.