Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Општина Маврово и Ростуше со активности за почиста животна средина

Покрај реализацијата на инфраструктурни  капитални проекти за подобрување на условите за живот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај реализацијата на инфраструктурни  капитални проекти за подобрување на условите за живот на жителите, Општина Маврово и Ростуше спроведува активности за почиста животна средина. 
 
Во тие рамки реализирани се активности во двете најголеми села, Жировница и Скудриње, а по потреба ќе продолжат и во другите населени места. 
 
-Согласно програмските определби и приоритети за одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина, успешно се реализираше дислокацијата на контејнерите за собирање смет во село Жировница, со цел поуредена животна средина- информираа од општината. 
 
Акцијата, која е  спроведена во соработка со Јавното претпријатие за комунална дејност „Маврово“ и месната заедница на Жировница,  дислоцирани  се контејнерите кои досега беа сместени покрај самиот локален пат.

 -Истите се поставени на нова, локација која е соодветно поплочена и оддалечена од патната инфраструктура, со што значително се подобрува прегледноста, безбедноста во сообраќајот и општата хигиенска слика на тој потег. Оваа активност е само дел од предвидениот план за уредување на оваа локација- велат од општината. 
 
Набрзо ќе биде извршено целосно оградување и хортикултурно уредување на просторот, поставување на информативни табли, видео надзор, како и монтажа на сите останати потребни елементи за соодветно одлагање на отпадот. 
 
Упатуваат апел до сите граѓани отпадот да го одложуваат на местата предвидени за таа цел и да не се создаваат диви депонии.

По барање на Месната заедница Скудриње, беше извршено расчистување на просторот во месноста Шумадија, со цел да се ослободи дополнителен простор за паркирање на возила, во претстојниот период, кога во родниот крај во голем број доаѓаат иселениците. 
 
Воедно, извршено е и расчистување на новиот пат, со што се подобрува неговата безбедност и проодност. 
 
Од општината најавуваат продолжување на активностите за подигнување на еколошката свест и подобрување на комуналните услови во сите населени места.