Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Локализиран пожарот на локалната депонија во Валандово, на терен делуваа и два ер – трактори

– Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори.

– Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово – изјави градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев. 

Од Дирекцијата за заштита и спасување  информираа дека ветер го проширил пожарот на околната ниска вегетација и со тоа станал ризичен за проширување на поголем терен, при што вклучено е и гаснење од воздух.

Реклама

– Поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од страна на градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, веднаш беше побарана воздушна помош. Набргу потоа полетаа два ,,ер трактори” на Дирекцијата, соопштија од ДЗС.

Непосредно пред пожарот на депонијата, во надлежните служби е пријавен и пожар во атарот на валандовското с. Удово, при што пожарникарите итно реагирале и го изгаснале.

Од ТППЕ Валандово апелираат до граѓаните да не палат стрништа, сува вегетација и отпад на отворен простор, а во спротивно против секое лице кое ќе биде затекнато или пријавено дека пали стрништа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции, согласно законските прописи.