Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Советот на Општина Делчево усвои ребаланс на општинскиот буџет

Советот на Општина Делчево на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Делчево на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кој вкупниот буџет е зголемен за 24.210.764 денари, односно за пет проценти, и сега изнесува 509.902.581 денари.

Според информацијата од Општината, измените се направени согласно законските прописи и имаат цел усогласување на буџетот со досегашната реализација на приходите и расходите, како и обезбедување средства за реализација на програмските активности до крајот на годината.

На приходната страна, обезбедени се два милиона денари преку трансфер од државниот буџет за реализација на проектот за набавка на механизација за одржување на локалните патишта во селата со специфични развојни потреби, кој ќе се реализира во соработка со Бирото за регионален развој.

Реклама

Во буџетот се вклучени и 977.870 денари по основ на пренесен вишок на приходи од претходната година и средства кои претходно биле погрешно префрлени на друга наменска сметка.

Најголемо зголемување е евидентирано кај дотацијата од данокот на додадена вредност, во вкупен износ од 15.560.668 денари, од кои 7.533.112 денари се средства за финансиско воедначување, а 8.027.556 денари се доделени врз основа на постигнатите перформанси на Општината.

Дополнително, обезбедени се 5.672.226 денари капитални трансфери за реализација на инфраструктурни проекти од областа на транспортот и заштитата на животната средина преку вториот повик за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа.

Во расходниот дел, зголемени се средствата за плати и надоместоци, како и за стоки и услуги во износ од 11.643.037 денари. Средствата ќе бидат наменети за комунални услуги, одржување на зелените површини преку ЈКП „Брегалница“, реализација на програмите за јавни работи и општинско-корисна работа, како и за привремени вработувања.

Со ребалансот се обезбедени и дополнителни средства за субвенции, трансфери и социјални бенефиции, меѓу кои и за исплата на еднократна парична помош за онколошки пациенти и еднородителски семејства.

За капитални расходи се издвоени дополнителни 10.794.772 денари, кои ќе бидат искористени за кофинансирање на проекти за изградба и реконструкција на улици согласно преземените обврски на Општината.

Од Општина Делчево оценуваат дека со усвоениот ребаланс се обезбедува финансиска стабилност и услови за навремена реализација на планираните проекти, подобрување на комуналните услуги и продолжување на инвестициите во инфраструктурата и социјалната заштита.