Реклама

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

Промовирани нови 496 полициски службеници

Гужва по патиштата, патарините, граничните премини – пеколни температури за празничниот викенд

Јавниот долг се намалува, Владата будно ја следи инфлацијата

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Македонија

Соработка на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Амбасадата на САД

Положбата и актуелните предизвици со кои се соочуваат помалубројните заедници во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Положбата и актуелните предизвици со кои се соочуваат помалубројните заедници во Македонија, како и можностите за натамошно унапредување и заштита на нивните права преку засилена институционална соработка, биле во фокусот на денешната средба на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ, со политичкиот советник во Амбасадата на САД, Ендру Ковтун, и економската советничка Розита Мреношки.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците информира дека посебно внимание било посветено на можностите за продлабочување на соработката со Амбасадата на САД преку заеднички иницијативи, активности и проекти насочени кон унапредување на меѓуетничкиот дијалог, почитувањето на различностите и зајакнувањето на општествената кохезија. 

Во соопштението, Агенцијата изразува благодарност до претставниците на Амбасадата на САД за, како што наведуваат, конструктивниот разговор, покажаниот интерес за прашањата од значење за помалубројните заедници и подготвеноста за продолжување и унапредување на меѓусебната соработка.

Реклама