Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Почна изградбата на улицата „3“ во локалната економска зона „Марино – Кадино“

Општина Илинден почна реализација на значаен инфраструктурен проект, стартува изградбата на улицата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден почна реализација на значаен инфраструктурен проект, стартува изградбата на улицата „3“ во локалната економска зона во „Марино – Кадино“. Станува збор за капитална инвестиција што ќе ја подобри современата патна инфраструктура и ќе создаде поквалитетни услови за функционирање и развој на стопанството.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните работи, при што истакна дека проектот опфаќа целосна изградба на улицата во должина од околу 400 метри широчина од 7 метри.Во рамки на изградбата предвидено е да се изведе и систем за прифаќање на атмосферските води. Според него, оваа сообраќајница претставува една од важните инфраструктурни врски во рамките на локалната економска зона.

„Со изградбата на оваа улица ќе се обезбеди значително подобра пристапност, побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, како и поквалитетни услови за работа на стопанските субјекти кои се двигател на локалниот економски развој“, нагласи градоначалникот Георгиевски.

Реклама

Новата сообраќајна инфраструктура се очекува да придонесе за полесна комуникација меѓу деловните капацитети, подобра логистичка поврзаност и поголема функционалност на економската зона, што ќе создаде дополнителни можности за економски раст и привлекување нови инвестиции.

Со реализацијата на овој значаен проект, Општина Илинден продолжува со својата амбициозна развојна политика, насочена кон модернизација на локалната инфраструктура, унапредување на деловната клима и создавање современи и конкурентни услови за работа во локалните економски зони.