Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, да им одговори на граѓаните зошто не постапувал по пријавите додека бил министер

Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје и во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале многубројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал – истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени?

Почитувани медиуми, еве неколку примери:

Реклама

2021 година, ова се неколку испитувања, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Ова се документи то стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните.

Тука конкретно, освен пронајдокот на бактеријата ешерихија коли, има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но вие граѓаните тоа не сте го знаеле и никој не ве известил.

Одиме понатаму, Социјалдемократскиот сојуз говори за Крушево. Исто од Јавната здравствена установа, Центар за јавно здравје – Прилеп, 2019 година. Станува збор за повеќе испитувања, наоди во кои се вели дека мострите што се земени не биле исправни, односно водата не била за користење, т.е. не била за пиење.

И тоа се неколку повеќе вакви документи, кои се дел од 2019, некои 2018, сето ова време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз е на власт.

Одиме понатаму. Токму во Скопје била земена мостра во Аеродром во бунар чешма, која вели дека не одговара на правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува и во Гостивар. Граѓаните завршувале во болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел.

Почитувани граѓани, 

Наместо денес да дели лекции и да шири политички обвинувања, Филипче најпрвин треба да им даде одговор на граѓаните зошто не постапувал по пријавите на институциите додека тој бил на чело на Министерството за здравство. Очекуваме надлежните органи целосно да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и очекуваме одговорност. 

Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не селективна загриженост, која се појавува само кога Филипче е во опозиција.