Реклама

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

Промовирани нови 496 полициски службеници

Гужва по патиштата, патарините, граничните премини – пеколни температури за празничниот викенд

Јавниот долг се намалува, Владата будно ја следи инфлацијата

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Македонија

Муцунски: Реформите продолжуваат, а крајната цел останува полноправното членство во ЕУ, клучна е предвидливоста на процесот

Владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата, кои се лошо поставени од претходната влада. Целта е решението да биде достоинствено и да обезбеди предвидлив евроинтегративен процес – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Муцунски во гостувањето на една од националните телевизии посочи дека се води активен дијалог со земјите членки на Европската Унија, со европските институции и со Бугарија. Сепак, наведува, сè уште не е постигнато решение што би било прифатливо.

„Клучно е да има предвидливост во процесот на интеграција. Уште еднаш нагласувам дека апсолутно не сме подготвени да разговараме за прашања поврзани со идентитетот и историјата. Додека оваа Влада ја води државата, националните позиции ќе бидат пред сè, а истовремено ќе продолжиме да работиме на внатрешните реформи“, истакна Муцунски, соопшти МНРиНТ.

Реклама

Во однос на моделот на постепена интеграција, тој оцени дека е очигледно оти ќе се работи на негово менување, со можност земјите кандидати да добијат повеќе права и пристап до повеќе европски фондови.

„Најзначајно за нас е постепената интеграција да се одвива паралелно со пристапниот процес и крајната цел секогаш да остане полноправното членство во Европската Унија.“, нагласи министерот.

Осврнувајќи се на реформскиот процес, Муцунски посочи дека европските претставници Антонио Кошта, Каја Калас и Марта Кос ја потврдиле посветеноста на Владата кон европските реформи за што, според него, сведочат и средствата добиени преку планот за раст.

Тој додаде дека надворешната политика на државата е целосно усогласена со Европската Унија, а активностите во рамките на мултилатералните организации уште еднаш го потврдуваат стратешкиот правец на земјата.

„Реформите се во интерес на граѓаните и на деловната заедница, но истовремено нè прават покредибилен актер на патот кон Европската Унија. Не станува збор за субјективно мислење – сите параметри покажуваат дека сме најдобри во регионот во исполнувањето на реформите“, рече Муцунски.

Според него, државата не треба да се фокусира на термините што ѝ се поставуваат, туку да биде објективно најдобра според мерливите критериуми и преку дела да ја докажува својата реформска посветеност.

„Мораме да направиме сè што е потребно од наша страна и тоа да го покажуваме не само со зборови туку и со дела, како што го правиме преку реформската агенда. Не треба да се чека до недоглед, но го немаме луксузот да прифатиме сè по секоја цена, како што беше направено во минатото, и по одреден период, повторно да ја водиме истата дебата што ја водиме денес“, нагласи тој.

Муцунски упати критики и до опозицијата посочувајќи дека таа секојдневно зборува за европската интеграција, но ги блокира законите во Собранието кога треба практично да ги поддржи реформите.

„Да го предадете сопствениот народ, само за да им бидете допадливи на неколку колеги од меѓународната заедница, е најголемиот политички грев што можете да го направите“, порача Муцунски.