Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – касарна „Гоце Делчев“ – Скопје, денеска ќе се одржи свеченост по повод промоција на 26. класа студенти – питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, предвидено е на свеченоста да се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески.
– На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски, министрите за спорт и за дигитална трансформација, Борко Ристовски и Стефан Андоновски, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора, претставници од локалната самоуправа и останати високи гости од Министерството и Армијата – се додава во соопштението.
