Поради високите температури кои се очекуваат во наредниот период, значително се зголемува опасноста од појава и брзо ширење на шумски и пожари на отворен простор, посочуваат во соопштение, членовите на Доброволното противпожарно друштво од Кочани.
Поради тоа, ДПД Кочани упатува апел до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да не палат оган на отворен простор, како и да не оставаат отпад и други материјали кои можат да предизвикаат пожар.
Како што нагласуваат, еден момент на невнимание може да предизвика голема опасност и непроценлива материјална и еколошка штета.

Во соопштението, кочанските пожарникари – доброволци повикуваат, доколку граѓаните забележат пожар, веднаш да пријават на: 193 – Противпожарна служба или на 112 – Единствен број за итни случаи.
