Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање

Македонското Собрание ја заврши седницата на која требаше да се поставуваат пратенички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското Собрание ја заврши седницата на која требаше да се поставуваат пратенички прашања. Таа, како што беше најавено продолжи во 17:10 часот, но по барањето за пауза од еден час од Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, потпретседателката на Собранието Весна Бендевка рече дека седницата ќе заврши бидејќи со тој еден час пауза ќе се излезе од рамките на редовната работа до 18 часот.

-Процедуралното е врз основа на член 87 став 2 со оглед на тоа што овој ден помина така како што помиина и процедуралното апсолутно беше злоупотребено, тензиите во Собранието непотребно се кренаа, се исполитизира цела работа бараме еден час пауза, рече Карапејовски

Потоа Бендевска тука ја заврши 113. седница.

Реклама

– Со оглед на тоа што ќе навлеземе над времето предвидено за одржување на седници тука ја завршувам седницата, рече потпретседателката на Собранието. 

Претходно Бендевска во 16 часот даде еден час пауза, откако пратеничката Илире Даути повторно побара збор за процедурална забелешка, а потпретседателката на Собранието констатираше дека трипати го прекршила членот 98 од Деловникот кој овозможува процедурална забелешка и ги уредува причините за кои се дава збор. Вие, и рече Бендевска на Дауити, немате забелешка на водењето на седницата, а токму за тоа служи процедуралната забелешка. Седицата требаше да продолжи во 17:10 часот. 

Седницата и претходно беше прекинувана, и прво беше најавено дека ќе продолжи во 16 часот, а во најавата Бендевска на почетокот на седницата информираше дека пратеничката Даути добила одговор на нејзиното поставено прашање, со што како што посочи, сите недоразбирања во претпладевниот дел на седницата, се завршени.

-​Согласно член 99, на седницата на Собранието никој не може да говори пред да добие збор од претседателот на Собранието. ​Манипулирањето со институтот процедурална забелешка мислам дека е навистина претерано, со оглед на тоа што правото за процедурална забелешка на секој пратеник завршува кога го повредува правото на друг пратеник согласно Устав да поставува прашања до претставници на Владата кои се тука тука присутни. Затоа ве замолувам да се исклучите за да почнеме да продолжиме со работа, рече Бендевска по што објави пауза до 16 часот.  

Ппратеничката Илире Даути од партијата Албанска лига, заедно со лидерот на партијата, Зијадин Села ја блокираа денешната седница за пратенички прашања. Даути бараше одговор за Предлог-законот за правична застапеност бидејќи се уште не добила никакво писмено објаснување од премиерот Христијан Мицкоски кому му го испратила прашањето. Истакна дека денешната седница мора да се прекине доколку не се одговори на прашањето.

Даути повеќепати процедурално бараше денеска да излезе и да ѝ одговори на одамна поставеното пратеничко прашање, потоа процедурално збор побара и пратеникот Ријад Шаќири од АА. Откако пратеничката не сакаше да ја напушти говорницата, лидерот Зијадин Села застана до неа по што Гаши даде половина час пауза за да се смири ситуацијата.

Прашање до премиерот во претпладневниот дел од седницата постави само пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.