Водата во струмичките села Рич и Белотино е безбедна за пиење, соопштија денеска од Општина Струмица.
-Од водата во населените места Рич и Белотино беа земени нови примероци и врз основа на микробиолошкиот и физичко – хемискиот лабораториски наод, а согласно Правилникот за безбедноста на водата, е утврдено дека испитаните примероци одговараат на законските и стручни прописи и истата е здравствено исправна и може да се користи за пиење, се наведува во соопштението.
Се посочува дека забраната важеше само за локалните чешми и во двете населени места, односно забраната за употреба на водата беше објавен вчера.

Инаку, во селото Рич живеат над 300 жители, а во Белотина 13.
