По најавите за екстремно високи температури во претстојниот период, волонтерите од Клубот на млади при ОО Црвен крст Виница денеска излегоа на терен на градскиот пазар. Со корисни совети, информативни флаери и освежителна ладна вода, им помогаа на граѓаните кои во најкритичните часови беа надвор изложени на сонце.

Во акцијата младите волонтери на граѓаните им порачаа да не заборавајт да носат со себе вода, да го избегнуваат сонцето во најтоплиот дел од денот и на тој начин најдобро да водат грижа за себе и своите најблиски.
