Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Крушево ќе ги пречека Илинденските коњаници и преку „10 Дена Крушевска Република“ е подготвено за одбележувањето на големиот Илинден

Крушево е подготвено за Празникот и за одбележувањето на 123 годишнината од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крушево е подготвено за Празникот и за одбележувањето на 123 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Бројни настани опфаќа традиционалната и значајна манифестација „10 Дена Крушевска Република“ која од лани е веќе национална установа. 

Утревечер од 18,30 часот во центарот на Крушево, пред столбот на Крушевската Република и пред црквата „Свети Никола“, Крушево официјално ќе ги пречека Илинденските коњаници. Се очекуваат околу 140 коњаници од повеќе краишта на Македонија. 

-Свеченото пречекување на коњаницата секоја година, а и годинава е на 31 јули, утревечер во Градскиот парк во Крушево, односно пред Столбот на Крушевската Република. Оваа година ќе имаме од 120 до 140 коњаници. Веќе сме во координација и остваривме и состаноци околу делувањето во Манифестацијата, за нивниот пат и за нивните рути, како и секоја година. Мислам дека треба да се даде поголемо внимание на овој чин, бидејќи останува како автентично доживување за гостите, вели Захарија Ангелеска, од НУ Дом на културата „10 Дена Крушевска Република“- Крушево. 

Реклама

Традиционалното отворање на манифестацијата е на 1 август, на Гумење. Почит за илинденците, потсетување на големите историски настани како зачетоци на македонската современа држава. Од први до 10 август  се бројни настани во рамките на Манифестација.

-Главен покровител на настанот е Општина Крушево. Го зачувуваме стариот, традиционалниот начин на празнување, односно со македонска песна, а го имаме и забавниот дел кој годинава ќе биде сместен во Градскиот парк. Значи, главното збиднување ќе биде на Гумење, а забавниот дел ќе биде во Градскиот парк, рече Ангелеска. 

Според програмата, годинава модератор на Манифестацијата на Гумење ќе биде Рубенс Муратовски. Химната ќе ја интонира баритонот Иван Наумовски, на присутните на Гумење ќе им се обрати градоначалникот на Крушево Нико Чоневски, а актерот Игор Трпчески ќе го прочита Крушевскиот манифест. На Гумење ќе се огласи Црешовото топче, а ќе има и огномет, како и настап на Ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од Горно Лисиче од Скопје. Од 21,15 часот ќе настапи групата „Чалгии мерак“ од Скопје.

Во Градскиот парк во Крушево вечерта од 22,45 часот ќе настапи групата „Супер хикс“.

Централното чествување на Празникотќе биде на 2 Август- Илинден на Мечкин Камен.

Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“ ќе понуди богата програма со настани, работилници и на 5 август научна трибина за придобивките на Илинден, Востанието и Крушевската Република.

-Задоволство е што се вклучени и младите кои сакаат да учествуваат во настаните зашто така се пренесуваат традициите и историските придобивки, вели Ангелеска од Н У „Дом на културата “ -10 Дена Крушевска Република“- Крушево.