Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување – изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денот се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.

Тој посочи дека сите седум пациенти се од неколку населби од Скопје, а само еден од нив патувал во Грција. Тројцата за кои дополнително се прават анализи за да се утврди дали го имаат вирусот, појасни Цана, исто така се од Скопје.   

– Значи, седум се потврдени и кај тројца постои големо сомнение дека може да се работи за истата инфекција. Шеесет и шестгодишниот пациентот е хоспитализиран на 26 јули и поради влошување на неговата здравствена состојба и според процена на лекарите од одделот за интензивна нега, е интубиран и поставен на механичка вентилација. Тој не патувал надвор од државата и има многу коморбидитети. Сите други пациенти се на возраст над 60 години и се со многу коморбидитети. Тие се стабилни се и се лекуваат според сите современи медицински протоколи. Таа возрасна група е изложена на најтешката инвазивна форма на вирусот – посочи д-р Цана.

Реклама

Во врска со тоа дали кога лица со вирусот ќе бидат хоспитализирани на Инфективната клиника можеби во стабилна состојба, може понатаму да дојде до влошување, рече дека апсолутно може да дојде до влошување на нивната здравствената состојба и дека не може никој да процени како вирусот ќе дејствува во организмот.

– И затоа стручна процена на инфектолозите е дека треба да се хоспитализираат, да се следат и да се мониторираат. Со оглед на тоа што се работи за заразно вирусно заболување, за кое, според сите светски протоколи, се знае дека нема некој специфичен лек, туку има супортивна поддршка (се третираат симптомите), доколку нивната здравствена состојба се влошува, се постапува според сите светски современи протоколи на лекување на ваков вид заболување. Од сите седум случаи, само едно лице патувало во Грција, а сите други се од неколку населби во Скопје. Клиниката за инфективни болести останува отворена за згрижување пациенти и е во целосна координација со надлежните здравствени власти. Граѓаните треба да ги следат препораките од надлежните служби – додаде д-р Цана.