Реклама

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Цандо „исчезна“: Го снема морбидниот профил близок до СДСМ и Филипче кој посака смрт за вработени во Алфа

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Македонија

Илјадници верници го одбележаа празникот Света Марена во манастирот во Туминец

Манастирот „Света Марена“ во селото Туминец, Општина Пустец, беше исполнет со голем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Манастирот „Света Марена“ во селото Туминец, Општина Пустец, беше исполнет со голем број верници кои пристигнаа уште од синоќа на одбележувањето на патрониот празник на овој познат духовен храм.

Верници од Мала Преспа, поранешни жители и нивни потомци од овој крај, Македонци од Корча, Подградец и други градови во Албанија, како и гости од неколку македонски градови, присуствуваа на празничните богослужби.

Одбележувањето традиционално започна со вечерна богослужба, која ја одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири. По вечерата што ја обезбедија кумовите на манастирската слава, Спиро и Благица Михал, Деан Михал со семејството и Марио Вурмо со семејството, во дворот на манастирот се одржа народно веселие со македонски ора и песни.

Реклама

По денешната Света литургија, која исто така ја одржаа двајацата свештеници, се светеше вода, по што продолжи дружењето на присутните, меѓу нив и иселеници, кои каде и да се, за овој празник се тука во родниот крај. 

Организатор на одбележувањето на манастирската слава беше Црковниот одбор, а традиционално по повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена – Огнена Марија, со Македонците беше и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој запали свеќа и посака здравје, благосотојба и единство.

– Честит и вековит да ни е денешниот ден. Нека светицата не чува сите од зло и нека ни донесе здравје, среќа, благосостојба, мир и единство.  Огнена Марија е симбол на верба, надеж и љубов. Нека овој празник биде потсетник за важноста на заедништвото и меѓусебната поддршка во нашата заедница- посака Стерјовски.

Честитка по повод празникот преку објава на Фејсбук упати и градоначалникот Пали Колефски.

-По повод големиот празник Света Марена, од срце ви посакувам добро здравје, среќа u мир во вашите семејства. Нека Света Марена не благослови сите нас, а овој празник уште многу години да нè собира во љубов, вера и заедништво. Нека ни е честит и за многу години празникот- посака Колефски, постирајќи фотографија од манастирот од синоќа.

Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското Езеро, покрај местото наречено Писан Камен, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Во него се наоѓаат поголем дел од моштите на светицата каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

Селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење – Горица. 

Денеска празникот се одбележа и во областа Шпат, која е под јурисдикција на митрополија во Елбасан. Во округот Елбасан живее многубројна македонска и друга православна заедница.