Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ

Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година.

За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната нето исплата по корисник изнесува 9.878 денари. Просечниот пензиски стаж на корисниците изнесува 22 години, додека просечната пензиска основица е 38.880 денари.

Најголемиот дел од корисниците се лица кај кои средствата од вториот пензиски столб учествуваат во обезбедувањето на минималниот пензиски износ. Во оваа категорија се опфатени 113 лица, односно 77 отсто од вкупниот број корисници.

Реклама

Кај корисниците со минимална пензија, вкупната нето исплата од индивидуалните сметки изнесува 1.149.023 денари, а просечниот месечен износ е 10.168 денари. Од нив, 75 корисници остваруваат исплата над 8.000 денари, додека 38 корисници имаат исплата меѓу 4.001 и 8.000 денари.

Во групата корисници со пензија над минималниот износ се опфатени 34 лица, со вкупна нето исплата од 303.066 денари. Просечниот износ на исплата кај оваа категорија изнесува 8.914 денари, а кај пет корисници исплатата е над максималниот износ.

Анализата покажува дека една од основните карактеристики на капитално финансираното пензиско осигурување е дека подолгиот период на членство овозможува акумулирање на поголем износ на средства на индивидуалната сметка и подолг период за оплодување. Тоа, како што е наведено во соопштението, се должи на континуираните уплати на придонеси, остварените приноси од инвестирањето и нивната понатамошна капитализација, што придонесува за постепен раст на средствата во текот на периодот на членство.

Корисниците опфатени со анализата се лица кои самостојно донеле одлука за продолжување на членството во вториот пензиски столб, што го потврдиле со потпишување Изјава за продолжување на членството.

Податоците за пензиската основица даваат информација за висината на која се врши пресметката на пензиите и даваат информација за висината на платата која ја остварувале корисниците на пензија.

Анализата обезбедува сеопфатен увид во бројот, структурата и карактеристиките на тековните корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Истовремено, таа ја прикажува улогата на вториот пензиски столб во обезбедувањето пензиски надоместоци од индивидуално акумулирани средства и претставува основа за континуирано следење на развојот на системот