Реклама

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата работи одговорно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДСМ и ДУИ, сега се инвестира во иднината, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти. Точно, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП. Но поважно е каде одат дополнителните средства.

Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти. Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари.

Реклама

СДСМ повторно се обидува да ја сведе дебатата на една бројка, дефицитот. Но граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина. Секој денар од дополнителниот фискален простор е насочен кон инвестиции што создаваат работни места, ја движат економијата и оставаат трајна вредност. Тоа е одговорна економска политика, а не популизам.

Тоа не се бројки на хартија. Тоа се нови патишта, железничка инфраструктура, водоводи, канализации, училишта, градинки, здравствени установи, проекти за животната средина и инвестиции во општините.

Разликата е едноставна. ВМРО-ДПМНЕ зборува за тоа што ќе се изгради, додека во минатото СДСМ и ДУИ потрошија милионски буџети од кои граѓаните не видоа ништо.

СДСМ нема ниту еден предлог како да се забрза развојот. Единствено што нуди е ширење страв и манипулација.

Граѓаните не живеат од политички прес-конференции на СДСМ. Живеат од подобри патишта, поквалитетни училишта, модерни болници, сигурно водоснабдување и нови инвестиции. Токму тоа го обезбедува овој ребаланс.

Овој ребаланс ќе се мери по завршените проекти, а не по прес-конференциите на СДСМ.