Реклама

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонија

Предлог-одлуката за основање работна група за следење на примената на Кодексот за етичко однесување на пратениците пред матичната комисија

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на чиј дневен ред се Предлог-одлуката за основање Работна група за следење на примената на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието и Предлог-упатството за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците.

Собранието едногласно со 82 гласа „за“, без ниту еден глас против или воздржан, на 15 јуни годинава го усвои Кодексот за етичко однесување на пратениците.

Во Собранието на 7 јули беше промовиран Кодексот за етичко однесување на пратениците. Во своето обраќање, претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека Етичкиот кодекс, пред сè, претставува морален договор што пратениците го склучуваат меѓу себе и со граѓаните што ги претставуваат.

Реклама

-Бидејќи верувам дека никој од нас не сака овој документ, по неговото усвојување, да остане само архивски материјал, денес сме собрани да го прифатиме како заедничка обврска: јавниот интерес секогаш да биде над личниот интерес; политичката дебата да се води врз основа на аргументи, а не на навреди; политичките разлики да не се претвораат во лични непријателства; а достоинството на Собранието секојдневно да се штити со одговорност и посветеност – рече тој.

Гаши тогаш изрази благодарност до пратениците и пратеничките групи, меѓународните партнери и службата на Собранието, која со својот професионален ангажман и посветеност даде значаен придонес во секоја фаза од процесот на подготовка на Кодексот.

Во своето обраќање, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал истакна дека Етичкиот кодекс не само што им дава на пратениците практична алатка за справување со етички прашања од реалниот живот, туку означува и конкретен чекор кон потранспарентна, одговорна и доверлива парламентарна работа во државата. Потенцира дека интегритетот се гради преку секојдневните избори на оние на кои им се доверени јавните функции.

Вишиот резидентен директор на НДИ Македонија и лидер на тимот на Швајцарската програма за парламентарна поддршка (ПСП), Роберт Скот Хејзлет нагласи дека Швајцарската програма за парламентарна поддршка обезбедуваше континуирана поддршка на Собранието во текот на сложениот процес на изготвување и финализирање на оваа регулатива за интегритет од 2019 година.