Реклама

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонија

Претседателот на МД „Илинден“ – Тирана, Ѓурѓај и градоначалникот на Прилеп, Проданоски разговарале за унапредување на соработката

Претседателот на македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај и градоначалникот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски разговарале околу поддршката што оваа општина може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата. 

 -Чест и задоволство ми беше што со градоначалникот имавме срдечна средба. Непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците, како и со активностите на друштвото. Добив цврста поддршка за друштвото, во рамки на можностите на локалната власт- објави Ѓурѓај. 
 
Додаде дека размениле мислење околу соработката на културен план, со настапи на македонски фолклорни групи од Албанија во Прилеп и обратно. 
 
-Му заблагодарив исто така за грижата кон учениците и студентите Македонци од Албанија, кои се школуваат во образовните институции во Прилеп- посочи Ѓурѓај. 
 
На  Проданоски му донирал примероци од изданијата на македонскиот весник „Илинден“, кој е „главниот и битен гласник кој информира за активностите, проблемите и прашањата на Македонците во Албанија“.