Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Серафимовски во посета на ХС „Злетовица“, обезбедени два милиони долари за техничка документација

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и директорот на Хидросистемот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и директорот на Хидросистемот (ХС)„Злетовица“, Златко Стојановски денеска потпишаа договор за соработка, а предвидена е и реализација на грант од два милиони долари обезбеден од Светска банка. Министерот Серафимовски истакна дека со овие средства ќе се подготвува документацијата за проектите за наводнување и производство на електрична енергија, кои се дел од втората и третата фаза на ХС„Злетовица“.

-Денес потпишавме Договор за соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Јавното претпријатие ХС „Злетовица“ – Пробиштип, со што го отворивме патот за практично спроведување на грантот од два милиони американски долари обезбеден од Светска банка. Во следните 18 месеци ќе се ажурира и комплетира документацијата за фаза 2 – наводнување и фаза 3 – производство на електрична енергија, ќе се ревидираат техничките студии и инженерските решенија, ќе се зајакне документацијата за безбедност на браните и ќе се подготват еколошките, социјалните и тендерските документи потребни за проектот да влезе подготвен во инвестициска фаза- изјави Серафимовски.

Тој додаде дека во фаза 2 се предвидува наводнување на околу 4.500 хектари земјоделско земјиште во Пробиштипско и Кратовско. 

Реклама

-Фаза 3 го опфаќа хидроенергетскиот потенцијал на системот со вкупна проектирана моќност од околу 10 мегавати и очекувано годишно производство од приближно 48 милиони киловат-часови електрична енергија на годишно ниво. Идната инфраструктурна инвестиција е проценета на околу 103,2 милиони евра- рече Серафимовски. 

 Државата за овој проект ќе обезбеди околу 27 милиони евра за експропријација, ДДВ и други јавни давачки, со цел проектот да биде подготвен за реализација. Тој посочи дека наводнувањето на 4.500 хектари земјоделско земјиште ќе донесе нови можности за земјоделците, а целосното искористување на „Злетовица“ ќе придонесе и за производство на чиста енергија. 

– За земјоделците од Пробиштипско и Кратовско, наводнувањето на околу 4.500 хектари ќе овозможи производството да се планира според потенцијалот на земјоделското земјиште и потребите на пазарот, а не според количината на врнежи. Тоа ќе отвори простор за воведување на нови култури, поефикасно користење на обработливите површини и развој на локалните капацитети за откуп и преработка на земјоделските производи. Со целосното искористување на хидроенергетскиот потенцијал, „Злетовица“ ќе придонесува и за производство на чиста домашна енергија и за поголема енергетска отпорност на државата. Нашата одговорност е овој систем да го довршиме и водниот потенцијал на регионот да го претвориме во конкурентна вредност во земјоделството, за енергетиката и за луѓето што живеат овде- подвлече Серафимовски.