Реклама

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Македонија

Акција на гевгелиските власти за отстранување на неправилни приклучоци во фекалната канализација

Општина Гевгелија започна акција за отстранување на неправилните приклучоци на атмосферски води…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Гевгелија започна акција за отстранување на неправилните приклучоци на атмосферски води во фекалната канализација, со цел да се намали ризикот од излевање на вода во домовите при обилни врнежи.

Од Општината информираат дека, согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, фекалната канализација е наменета исклучиво за одведување на урбани отпадни води, а не и на атмосферски води од олуци, кровови и дворови.

– Дел од граѓаните се уште се соочуваат со сериозен проблем при обилни врнежи, кога преку фекалната канализација доаѓа до излевање на атмосферска вода во нивните домови, подруми и дворови. Главната причина за ова е погрешното приклучување на олуците, кровните површини и дворовите во системот на фекална канализација од градската мрежа. Направени се анализи и утврдено е дека атмосферските води значително го оптоваруваат системот кој е проектиран исклучиво за прифаќање на фекални отпадни води- се вели во известувањето од Општина Гевгелија.

Реклама

Во наредниот период, надлежните служби ќе ги посетуваат домаќинствата и ќе ги задолжуваат сопствениците да ги отстранат неправилните приклучоци. Од Општината најавуваат дека вработените на терен ќе ги информираат граѓаните за законските обврски и ќе им укажуваат на правилниот начин на приклучување, со цел трајно решавање на проблемот.