Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Од Раброво започнува проектот за подобрување на локалните патишта во повеќе населени места во Општина Валандово

Општина Валандово од денеска почнува со најавената реконструкција и изградба на улици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Валандово од денеска почнува со најавената реконструкција и изградба на улици во повеќе населени места, соопштија општинските власти. Според информациите од надлежните, почетокот на градежните работи ќе се означи со гребење на главната улица во село Раброво.

Обновата на улици на подрачјето на Општината е дел од проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура кој локалната самоуправа го спроведува преку инвестиција на Министерството за транспорт во вредност од 65,5 милиони денари.

Во рамки на проектот освен во Раброво, ќе се изведуваат градежни работи и во Собри, Марвинци, Брајковци и Пирава, а согласно утврдената динамика, реализацијата треба целосно да заврши до крајот на октомври.

Реклама

Од Општина Валандово информираат дека согласно дополнетата Програма за асфалтирање и одржување на улици, ќе се работи и на изградба и подобрување на локалната патна мрежа во Грчиште, Казандол, Јосифово, Калково и други населени места.

Според надлежните, инфраструктурните зафати ќе продолжат и во текот на следната година, кога се планирани инвестиции во останатите населени места во Општината.