Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Пленарната седница прекината по процедурални забелешки, Гаши повика на координација

Собранието денеска почна со работа по закажаните три пленарни седници, што беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска почна со работа по закажаните три пленарни седници, што беше проследено со процедурални обраќања на опозициските албански пратеници.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја прекина седницата и ги повика координаторите на пратеничките групи на вонредна координација.

Албанските опозициски пратеници реагираа дека претседателот на Собранието не го почитува Деловникот на Собранието со закажувањето на пленарните седници. Бараа од Гаши да ја образложи итноста за одржувањето на денешните седници.

Реклама

Координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, цитираше член од Деловникот по кој треба да се свикува седница и оти сите материјали до пратениците треба да стигнат најмалку 10 работни дена пред одржување на седницата.

– Според член 74 став 1 од Деловникот, дневниот ред заедно со сите материјали треба да се достави кај пратениците најмалку 10 работни дена пред одржување на седницата. Исто така, по став 2 и 3 од истиот член, во случај кога има ургентна постапка ургентноста треба да се образложи писмено и ова ние го немаме. Каде е ургентноста тука во овој случај, праша Ајдари и го повика Гаши да почитува Деловникот на Собранието.

Гаши нагласи дека оваа седница е свикана врз основа на член 74 став 2. – Врз основа на овој член може да се закаже итна седница. Јас нема да дозволам да се злоупотреби Собранието – рече Гаши.