Реклама

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Македонија

Клековски: Почна мисијата на Светската банка и ЕИБ за капиталните проекти во болниците во Штип, Тетово и Кичево

Во делот на проектите поврзани со програмата на Владата денеска почна мисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во делот на проектите поврзани со програмата на Владата денеска почна мисијата на Светската банка и Европската инвестициска банка за капиталните проекти во клиничките болници во Штип и во Тетово и во Општата болница Кичево за унапредување на здравствената дејност и инфраструктурата, рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски на прес-конференција во Владата.

Дополнително мисијата ќе прави проценка и за потребата од долгорочна нега, бидејќи, како што рече, тоа е едно од петте приоритетни подрачја во стратегијата за здравството 2020-2030 година.

Министерот посочи дека населението старее, дека е потребна се поголема туѓа нега и тоа е едно од прашањата што го согледуваат. Мисијата, појасни, денеска почна со техничкиот дел во Клиничката болница во Тетово, потоа ќе оди во Општата болница во Кичево, а утре ќе биде во Клиничката болница во Штип.

Реклама

– Очекуваме да има две проценки, здравствени и инвестициски или градежни. Ќе се работи по најнови стандарди, ќе се проценуваат и влијанието врз околината, врз општеството, еколошките стандарди, бидејќи дел од активностите предвидуваат и радиотерапија и нуклеарна медицина. Среќни сме што ќе имаме силна техничка поддршка во формулацијата на проектите и на документите неопходни за тендерирање на овие проекти, и со ова влегуваме во едно забрзување на процесите на реализирање на овие неколку капитални инвестиции, додаде Клековски.