Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на општина Делчево, каде што ќе изврши увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти.
Како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши увид на градежните активности на реконструкцијата на улицата Индустриска кај Градскиот пазар, покрај мостот на реката Брегалница, како и на реконструкцијата на улицата Видео Смилевски-Бато во населбата Стар Расадник – III реон, каде што се гради потпорен ѕид.
Во рамките на посетата премиерот ќе изврши увид и во тековните работи на проектот за регулација на коритото на реката Брегалница во централното градско подрачје.
