Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во Пробиштип утре четврто прскање против комарци

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека утре, согласно Програмата за општи мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека утре, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се спроведе прскање против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип.

Општината соопшти дека овој третман ќе ја опфати јаловишната депонија покрај регионалнот пат Пробиштип-Штип и депонијата Скрдово, кај село Неокази, на регионалниот пат Пробиштип-Свети Николе, сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак, течението на реката Киселичка, водостојот на бензинската пумпа „Макпетрол“ на влезот на Пробиштип, Маричански дол од мост кон село Добрево до мост до чешма Леговец, Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река, месноста Глобица и водостојот на рибникот, како и други локации според техничката спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите.

– Адултицидниот третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ќе се изврши со почеток од 22 часот. Третирањето најпрвин ќе започне да се извршува од околните одредени локации, а централното градско подрачје ќе биде опфатено на крај, односно во подоцните часови. Се известуваат пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелните семејства – соопштуваат од општина Пробиштип.