Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Општина Битола високо позиционирана во примена на системот за интегритет

Општина Битола има позитивен тренд во примената на системот за интегритет, соопштија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Битола има позитивен тренд во примената на системот за интегритет, соопштија од  локалната самоуправа по добивањето податоци од ДКСК која ја следи примената на овој систем во македонските општини.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека во извештајот на Државната комисија за спречување корупција за 2025 година, кај Општина Битола е забележан значаен напредок во делот на прифаќањето на политиката за интегритет и учествување во процесот на следење на примената на системот за интегритет. 

– Во 2024 година општината беше валоризирана со 49,6 проценти исполнетост и сместена во категоријата „просечно”, а за 2025 година Општина Битола е валоризирана со 78,31 проценти исполнетост, со што преминува во категоријата „добро” и се позиционира меѓу општините со повисоко ниво на усогласеност со системот за интегритет. Податоците покажуваат дека кај Општина Битола има јасен позитивен тренд во примената на системот за интегритет. Напредокот од речиси 29 процентни поени укажува дека општината во периодот меѓу двата циклуса на следење презела активности за подобрување на усогласеноста со обврските што произлегуваат од Политиката за интегритет. Овој напредок е особено значаен затоа што во 2025 година поголем дел од општините сè уште се наоѓаат во категоријата „просечно” или „слабо”, додека Општина Битола преминува во повисока категорија и покажува поголема институционална зрелост во споредба со претходната година, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Реклама

Во рамки на соработката со Националниот демократски институт, преку проектот „Заедници со интегритет”, Општина Битола е дел од групата општини опфатени со активностите за јакнење на локалниот интегритет, а локално лице за интегритет од Општина Битола е назначена Цветанка Ристевска, чиј ангажман беше пофален од шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, нагласија од Општина Битола.