Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

При патувања во Африка и Индискиот Океан да се следат препораките од СЗО за потребата од вакцинација и профилакса

Во државата годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во државата годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга и еден на зика – информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој повторно упати повик при патување да се следат препораките за вакцинирање и профилакса од Светската здравствена организација. Од осумте случаи на западнонилска треска, за кои Министерството за здравство информира вчера, шест лица се на Клиниката за инфективни болести, а другите два случаи биле регистрирани во јуни и пациентите се веќе дома. 

Состојбата со вектор-преносливи болести е разгледувана на седница на Комисијата за заразни болести. – Во моментот во опсервација се четири вектор-преносливи болести – маларија, денга, зика и западнонилска треска. Сите се пренесуваат со комарци, меѓутоа сите имаат различно потекло или епидемиолошки им се разликуваат патеките. Бидејќи влегуваме во висока сезона на одмори и во период на поголеми температури, сакав да споделам дека по две години немање случаи на маларија, оваа година имаме четири случаи и сите се поврзани со Африка и Индискиот Океан, поточно со Малдиви и Занзибар. Имаме три случаи на денга поврзани со Малдиви и зика, кој исто така е поврзан со Малдиви – рече Клековски на прес-конференција. 

Како што укажа, зиката има негативни влијанија кај бремени жени, денгата е хеморагична треска и треба претплзливост, а тешките облици на маларијата може да бидат и смртоносни.

Реклама

– Упатувам повик до луѓето што патуваат во Африка и Индискиот Океан, особено на Занзибар и Малдиви, да ги следат препораките од Светската здравствена организација за потребата за вакцинација и профилакса. Во Центарот за јавно здравје – Скопје и во соодветните центри ги има соодветните препораки и профилакси. Иако процентите се многу мали, луѓето треба да преземат мерки на претпазливост. Матичните лекари и инфектолозите, пак, задолжително да ги земат предвид во анамнезата патувањата во Африка и во регионот на Индискиот Океан. Клучни се заштитата и раната интервенција – порача Клековски.

Од осумте случаи на западнонилска треска, посочи, два се од јуни, а другите се актуелни. Еден е поврзан со патување во Грција, а другите според возрасната група се над 60-70 години и претпоставуваме дека се локални случаи. Генерално, станува збор за ниските терени на Скопско Поле и Велес.

– Издадена е насока до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ги контролира стадиумите на дезинсекција во општините, а според контролите, сите значајни општини се со завршена програма на дезинсекција, со исклучок на неколку помали општини, кои во моментот не се поврзани и се далеку од случаите. Случаите се Велес и Скопје, Повардарие. Постапено е епидемиолошки, кај седум од случаите извршена е дополнителна дезинсекција во радиус од 200 метри од нивното место на живеење како стандардна епидемиолошка постапка, а еден одбил тоа да се изврши во неговиот дом – рече Клековски.

Од минатата година во програмата на Институтот за трансфузиона медицина, покрај хепатитис и ХИВ, е и вирусот на западнонилската треска како стандардно тестирање на крвта од април до октомври за да се избегне евентуална трансмисија преку дарување крв.

– Од минатата година имаме гаранција дека нема да има трансмисија на овој вирус преку крв. Комуницираме дополнително со АХВ за следење на комарците. Сите овие четири болести се пренесуваат со комарци, кои ги има и во Македонија. Иако за претходните три се јасни импортирани случаи, до сите би препорачал посебна внимателност во личната заштита од комарци, особено покрај застоени води, каде што има бари, мочуришта. Во комуникација сме со сите соодветни институции и ја следиме состојбата – рече Клековски. 

Тој појасни дека и со лицето што одбило дезинсекција, а кај кое во моментот кога бил направен обид, немало налог за влегување на приватен имот, ќе се стапи во контакт од страна на Центарот за јавно здравје. Од случаите со западнонилската треска сите се над 60 години и се со коморбидитети.

– Има други отежнувачки ситуации, како повозрасни лица со тешки форми на грип. Осумдесет проценти од западнонилската треска поминува асимптоматски, нема никакви симптоми. Затоа ние преминавме на тестирање на крвта, може човекот да нема никакви симптоми, а во даруваната крв да го има вирусот. Фактот дека 80 проценти се асимптоматски, значи дека сликата е обично полесна. Од посериозните  знаци се конфузија, зафаќање на мозочните обвивки или воспаление на мозокот, а потешките форми развиваат енцефалит – појасни министерот за здравство потстеувајќи дека во изминатите 15 години во државата имало пет смртни случаи од западнонилска треска.