Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: За состојбите во Гостивар се консултираме со експерти, не треба партиите да шират хистерија

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти, во општината веќе водата може да се користи за технички потреби, наскоро се очекува и за пиење, и воедно посочи дека партиите не треба шират хистерија.

-На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на општината. Има начин како општината комуницира со државните институции во делот на проверки и слично. Што се однесува до Гостивар од денеска има веќе техничка вода, изминативе  неколку денови параметрите беа позитивни кога велам во насока на тоа дека инсталациите се прочистени, односно хиперхлорирани и денеска веќе можат граѓаните да ја користат за техничка употреба, не за пиење и готвење – изјави премиерот Мицкоски, во интервју.

Премиерот Мицкоски додаде дека се очекува овој процес на хиперхлорирање ќе продолжи во деновите што следат и еве да речеме во втората половина од оваа недела да може истата вода да се користи и за пиење и за подготвување на храна.

Реклама

Во однос на одговорноста, Мицкоски посочи дека директорот на конкретното јавно комунално претпријатие, не го поставува Владата, поставен е од некои други центри во случајот градоначалникот, како и тоа дека обвинителството си ја врши својата работа за да одреди одговорност.

-Да вие на тој начин неодговорно се однесувате, тоа е нешто кое најмалку може да се очекува дека човек кој е поставен да ја води таа институција на тој начин ќе се однесува како таму се однесувале неколку луѓе, не еден човек. Вие не можете да донесете одлука и таа одлука да ја спроведете сам без притоа да добиете налог или да повикате помош од одредени луѓе за логистика. Во случајов имаме човечко несовесно однесување – потенцираше премиерот Мицкоски.

Тој нагласи дека неговиот тим е опкружен со експерти со кои се консултира за состојбите и чии совети ги користи и воедно посочи дека брзо се реагираше да се обезбеди питка вода за пиење и упати благодарност до граѓаните и компаниите кои донираа вода, но и на сите кои имаат трпение. 

-Благодарност и до Град Скопје и Јавното претпријатие Водовод и канализација кое со свој тим учествуваше во хиперхлорирањето за обезбедување на техничка вода и на сите кои имаат трпение. Се надевам дека вакви случаи нема да се случуваат во иднина, обвинителството си ја врши својата работа, сега ќе видиме кој е се одговорен – изјави премиерот Мицкоски.