Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Мицкоски на Илинденски коњички марш: Традицијата што ја негуваат продолжи да ги обединува сегашните и идните генерации

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што се одржа во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче.

-Со гордост и почит им посакавме среќен пат кон Крушево, каде што и оваа година ќе им оддадат почит на илинденците и на сите што ја вградија својата жртва во македонската слобода. Нека нивниот пат биде безбеден, а традицијата што ја негуваат продолжи да ги обединува сегашните и идните генерации, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

null

Мицкоски, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оваа година е покровител на оваа традиција. 

Реклама

На настанот присуствуваа повеќе министри и градоначалници, а архиепископот г.г. Стефан им даде благослов на учесниците во Маршот.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски присуствуваше на настанот каде му беше доделена благодарница.

null

-Со гордост и почит кон нашата историја, денеска во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ја испративме нашата коњаница на Илинденски марш кон славното Крушево, под покровителство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, напиша Андоновски на Фејсбук.

Тој наведе дека Илинден е симбол на македонската борба за слобода, државност и достоинство, а коњаниците, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на војводите и комитите, ја носат пораката за храброста и пожртвуваноста на илинденците и заветот што тие ни го оставија.

null

Попладнево од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Првата дестинација вечерва им е Долно Лисиче по што утре ќе го продолжат патот кон Петровец и Велес. Претходно продефилираа низ Општина Аеродром.

На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.