Илинденската коњаница е на пат за историско Крушево. Скопските коњаници традиционално тргнаа од дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче.
На 31 јули ќе се соединат со јавачите кои тргнуваат од Свети Николе, Кичево и Битола, а сите заедно ќе пристигнат на 2 август, Илинден, на Мечкин Камен.
