Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Македонија

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Околу 100 дрвја се уништени во невремето со силен ветер што минатата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 100 дрвја се уништени во невремето со силен ветер што минатата недела го зафати Куманово. Од ЈП „Чистота и зеленило“ информираат дека околу триесетина дрвја се уништени во Стариот градски парк, кај Спомен-костурницата и долж градскиот кеј. Од комуналното претпријатие  најавија дека на нивно место  ќе засадат нови садници од сопствениот расадник. 

-Дрвјата се уништени од силниот ветер кој го зафати Куманово минатата недела. Планираме да ги обновиме кога ќе дозволат временските услови. Имаме сопствен расадник и од таму ќе ги обезбедиме садниците, изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“,  Сашо Томиќ.

Стариот градски парк е еден од најстарите паркови во Куманово. Во него има повеќе од 370 листопадни дрвја, од кои дел се стари и над еден век. Паркот, кој се простира на површина од околу 38.000 квадратни метри покрај течението на реката Липковка, со децении претставува едно од препознатливите места за одмор и рекреација на кумановци.