Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Повторно проработе системот „Ѓавато“ кој го полни со вода Дојранското Езеро

Дојранското Езеро повторно се полни со вода од пумпите на Хидросистемот „Ѓавато”…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојранското Езеро повторно се полни со вода од пумпите на Хидросистемот „Ѓавато” во Богданци, и дотурот на вода во езерото ќе продолжи без застој. Информацијата ја потврдија од  Хидросистемот “Ѓавато” од каде велат дека во моментот се влеваат 200 литри во секунда, а во текот на денот или утре ќе се пушти дополнителна количина, со што ќе се зголеми дотурот на вода во езерото.


– Водата се пушти во саботата, бевме на терен и проверивме дека се е во ред. Попатно немаме загуби на вода, браната Паљурци е полна, така што нема потреба за таму да се полни. Имаше еден вентил со кој долевавме вода во браната, и тој се санираше, така што сега е во ред. Ни беа потребни 20 часа за да го наполниме цевководот, бидејќи беше празен со оглед на тоа што шест месеци не работеше системот. Обично по прекин на работата во период од 10 до 15 дена, побрзо се полни цевководот, но сега се работеше за подолг период и затоа беше потребно повеќе време – објаснија од  Хидросистемот “Ѓавато”.

Оттаму велат дека август и септември се месеците кои низ годините наназад биле најкритични за Дојранското Езеро, бидејќи тогаш се случуваат најголеми испарувања поради високите температури и отсуството на врнежи.

Реклама

Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, моменталното ниво на езерото изнесува 145,26 метри надморска височина, а договорениот минимум е 146,13.