Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Пет нови случаи на западнонилска треска потврдени овој месец, вкупно осум годинава

Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница.

Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните случаи, а во согласност со дефиницијата на случај, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен. Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија. Од регистрираните случаи, седум се машки, а едно е женско лице. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број, односно шест лица, се на возраст над 60 години, а две се лица на возраст од 50 до 59 години.

Сите пациенти развиле потешки симптоми на централниот нервен систем и биле хоспитализирани. Од заболените, тројца се пуштени на домашно лекување, 

Реклама

Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна инфекција и сите биле хоспитализирани.

Западнонилската треска првпат во Македонија е регистрирана во 2011 година. Во периодот од 2011 година до крајот на 2025 година регистрирани се вкупно 54 лабораториски потврдени случаи. Во овој период се регистрирани пет смртни случаи асоцирани со оваа болест, стои во извештајот од ИЈЗ.

Западнонилска треска e вектор-пеносливо вирусно заболување предизвикано од вирусот западен нил (WNV), кое се одржува преку еден ензоотски циклус меѓу комарците (Culex, Aedes) и птиците (најчесто дивите птици). Луѓето и коњите се случајни, крајни домаќини на заболувањето. Инфекцијата меѓу нив се пренесува преку комарците. Луѓето и цицачите, а особено коњите, се случајни домаќини и имаат ограничена улога во природниот циклус. 

Луѓето најчесто се заразуваат по каснување од заразен комарец. Болеста од човек на човек не се пренесува, ако се исклучи можноста за пренесување преку трансфузија и трансплантација.

Периодот на инкубација вообичаено трае од три до 14 дена. 

Речиси 80 отсто од инфекциите кај луѓето поминуваат без манифестација на симптоми. Другите 20 отсто симптоматски инфекции најчесто се манифестираат како треска, која поминува сама од себе, а помалку од еден отсто од инфекциите кај луѓето се манифестираат со сериозни форми, со тешка клиничка слика и се потенцијално смртоносни (на пр., воспаление на мозокот, воспаление на мозочните обвивки или појава на парализи).